Мери Нејсбит била апсолутно фасцинирана од митолошките суштества, толку многу што решила да го промени своето име. Од чиста љубов кон волшебните еднорози, сега и официјално е Mary Unicorn Sparkles.
Пред да ја донесе таа одлука, се консултирала со интернет, иако тоа можеби не е најмудрата идеја. Во анкетата што ја поставила, луѓето гласале и го избрале името што најдобро го опишува нејзиниот лик во моментов.
Инспирацијата за оваа идеја ја добила откако гледала емисија на Нетфликс. Станува збор за „Tyding up with Marie Kondo“ која ги советува луѓето да се ослободат од се што не им носи радост. За Мери Нејсбит, тоа беше нејзиното презиме.
Сфатила дека не ѝ се допаѓа фризурата или облеката што ја има во плакарот. Исфрлила сè и набавила неколку шишиња со боја за коса. Досадната мајчинска облека ја заменила со шарени и весели бои, а косата сега и е во боите на виножитото.
Нејзиниот сопруг, Патрик, 38-годишен водоинсталатер, ја прашал дали минува низ средовечна криза, но решил целосно да ја поддржи.
Три години подоцна, Мери Еднорог Спарклс не се откажала од својата одлука, а на трансформацијата се приклучиле и нејзините ќерки Елоиз и Есма. Нејзиниот сопруг решил да не го менува името, поради што сегаМери го нарекува „досаден“.
“Го сменив моето име затоа што сакав да бидам тоа што навистина сум. Имав бизнис наречен Unicorn Beauty Club и луѓето ме нарекуваа “дама еднорог” поради мојата опсесија. Отсекогаш сум сакала еднорози. Ми пречи тоа што жирафите и Бувовите постојат, а на еднорозите им недостасува нивната реалност. Отсекогаш сум собирала работи со мотиви на еднорог, а кога пораснав тоа стана незапирливо“, објаснува Мери.
Шоуто на Нетфликс и помогнало да ги среди работите што и требале и нештата што не ѝ биле потребни.
“Ја гледав Мери Кондо и таа вели дека ако нешто не ти носи среќа, треба да се ослободиш од тоа. Тоа ме инспирираше да направам трансформација во она што сум денес. Таа не само што го промени мојот изглед, туку и целиот мој живот“, рече Мери.
Единствениот проблем што таа го има е осигурителната компанија.
„Патрик со часови се расправаше со некој човек кој беше како „сериозно, што се случува“, но како и да е, се останато помина без проблеми. Новата лична карта ја добив за само неколку минути“, рекла дамата еднорог.