Новинарот Елвир Падаловиќ од српскиот магазин Бука направил тест за антитела два месеци по примената втора доза од вакцината АстраЗенека. По направениот тест тој решил своето искуство да го сподели. Ви ја пренесува во целост неговата изјава.
-Ниту по првата ниту по втората примена доза немав несакани ефекти. Единствено што осетив е минимална болка во раката. Ескпертите постојано го говорат истото – ризикот од компликации предизвикани од коронавирусотт е далеку поголем од ризикот од несакани ефекти по примањето на вакцината.
А последиците по примените две дози на Астра Зенека изгледаат вака:
Проблемот со тромбоза се јавува кај едно лице на секои 100 до 150 илјади вакцинирани и тој е многу помал од ризикот доколку заболите од Ковид-19, вирус кој предизвикува системско згрутчување на крвта.
-По примената втора доза решив да направам тест и да проверам антитела. Досега успешно успеав да го избегнав вирусот, и покрај фактот дека константно бев изложен на контакти. Но, цело ова време се држев до основните препораки – маска, дистанца и дезинфекција.
По првата доза нивото на антитела ми беше 961,7 – тест направен на 11.5.2021.
Вториот тест го направив на 31.8.2021, односно два месеци по примената втора доза. Резултатот беше 654.2 антитела што значи дека сум позитев на имун одговор. Како што успеав да дознаам, ова е солиден резултат со оглед на тоа дека границата е 50.