Ковчегот со посмртните останки на британската кралица Елизабета Втора (Елизабета), пред кој ќе се соберат стотици илјади луѓе до нејзиниот погреб на 19 септември, е направен пред повеќе од 30 години од англиски даб и обложен со олово, објавија денеска медиумите.
Јавноста нема да може да го види лицето на кралицата, бидејќи ковчегот ќе биде затворен и покриен со знаме со кралски обележја.
Британски „Тајмс“ објави дека ковчегот на кралицата е направен од англиски даб обложен со олово и е ист како ковчегот во кој почина нејзиниот сопруг, принцот Филип, во април 2021 година.
Лондонската погребална компанија „Leverton and Sons““, задолжена за погребот, пред четири години објави дека не знае кога и кој ги направил ковчезите, кои ги пронашла во 1991 година кога почнала да соработува со Бакингемската палата.
„Ковчегот е направен од англиски даб, кој е тешко да се најде и многу скап“, изјавиле тогаш од погребалната компанија, додавајќи дека оловната облога овозможува ковчегот да биде херметички запечатен, бидејќи ќе биде во гробот и нема да биде закопан во земјата.
Се додава дека ковчегот е исклучително тежок и потребни се осум лица за да го носат.
Рачките од месинг се дизајнирани специјално за кралски ковчези, како и капакот со ознаките на британската монархија.
„Тоа секако не е ковчег што може да се изгради за еден ден“, додаваат од погребалното претпријатие.
По пристигнувањето во Лондон, ковчегот ќе биде обвиен со знаме со ознаките на британската монархија што се вееше во Бакингемската палата, Виндзор и Сандриграм кога кралицата беше во резиденцијата.