Понекогаш е тешко да се помират семејните и деловните обврски, но има и жени кои многу порано се одлучуваат за мајчинството и жонглираат меѓу учењето и воспитувањето на децата.
Меѓу нив е и 16-годишната Ава Кинг од Индијана, самохрана мајка на 23-месечниот Џордан и осуммесечното девојче Аваја.
„Тешко е, но јас ги сакам моите деца“, призна таа во вирално видео што го објави минатата година на ТикТок, каде што ја следат повеќе од 117.000 луѓе.
Оваа тинејџерка со помош на семејството и пријателите успева со голем успех да оди на училиште и дома да се грижи за две мали деца. Згора на тоа, се поизвесно е дека Ава ќе заврши средно училиште и ќе дипломира пред своите врсници, пишува Index.hr.
Ава живее со својата мајка и сестрите, а нејзината баба понекогаш се грижи за нејзините деца.
Иако некои ја критикуваат дека толку рано станала мајка, има повеќе кои се восхитуваат на нејзината упорност.
„Добро знам колку е тешко. Самата станав мајка како тинејџерка, завршив училиште и работев со полно работно време. Ти се восхитувам”, ѝ рекло едно лице.
Ава се појави во епизода од „Моето извонредно семејство“. Таа забременила со своето прво дете кога имала 13 години.
„Освен што немав менструација, не доживеав никакви други симптоми на бременост. Пилулата ја испив ден потоа, но беше предоцна, па очигледно не делуваше“, рекла тогаш таа.
Таа го изгубила својот татко кога имала 11 години. Тој бил зависен од хероин. Се предозирал.
Нејзиното момче ја изневерувало во текот на целата бременост, што таа го дознала дури подоцна.
Таа се породила во февруари 2020 година. По породувањето, таа страдала од постпородилна депресија.
Шест месеци подоцна дознала дека е повторно бремена. Пиела апчиња за контрацепција, но очигледно не делувале, тврди таа.
„Бев преоптоварена. Седнав и плачев. Мислев дека можам да се справам со едно дете, но не и со две. Се плашев дека нема да можам да им дадам доволно љубов. Не знаев што да правам”, се присетува таа.
На наговор на семејството го задржала детето. Таа не е во врска со таткото на нејзините деца.