„Наплаќаат влез по 20 евра на туристи за посета на „Куклите“ во Кратово, иако се природно богатство“: Фејсбук статус ја разбранува јавноста

by Тони Зографски

Објава на жителот на Кратово, Марио Станојковски, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако тој јавно побара институциите да ги проверат наводите за наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од најпознатите природни феномени во Македонија.

Во својата објава, Станојковски тврди дека повторно бил спречен да влезе на локалитетот и дека одредени посетители плаќале пари за пристап, верувајќи дека станува збор за приватен имот.

„Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата, даден за сите. Денес повторно бев спречен да влезам“, напиша тој.

Според неговите тврдења, разговарал со туристи од Косово кои му кажале дека платиле по 10 евра за влез, додека при претходна посета им биле побарани по 20 евра по лице.

„Ми кажаа дека платиле по 10 евра по лице овој пат, а претходниот пат кога доаѓале им биле наплатени по 20 евра по лице. Им било речено дека Куклите се приватна сопственост и тие верувале бидејќи никој не им ја кажал вистината“, наведува Станојковски.

Под објавата се појавија десетици коментари од граѓани кои тврдат дека имале слични искуства. Дел од нив наведуваат дека им биле побарани пари за влез, додека други велат дека биле вратени без можност да го посетат локалитетот.

„Денес со сопругата и внукот решивме да ги посетиме Кратово и Куклите, но наидовме на жена која ни бараше пари за влез, велејќи дека тоа е нејзин приватен имот“, стои во еден од коментарите.

Друг граѓанин тврди дека биле побарани 240 денари за семејна карта, а по расправија се откажале од посетата и заминале кон Кратово.

Во коментарите има и сведоштва од посетители кои велат дека на пат кон локалитетот биле запрени од полициски службеници.

„По пат нè сретнаа полициски службеници и нè прашаа дали одиме кај Куклите. Ни рекоа дека најдобро е да се вратиме бидејќи имало проблеми околу наплата на влез и дека не можат соодветно да реагираат. Го послушавме советот и се вративме“, наведува еден од посетителите.

Станојковски ги повика медиумите и надлежните институции да излезат на терен и да утврдат што навистина се случува на локалитетот.

останати вести