Популарната водителка на Би-Би-Си, Џулија Бредбери на која неодамна и било откриено дека има тумор од шест сантиметри, напишача отворено писмо и му се заблагодарила на своето тело. Водителката напишала проштално писмо до левата града, бидејќи оди на мастектомија поради рак на дојка.
Џулија (51), мајка на три деца, инспирирала многумина со својот оптимизам, но и со храброста во борбата против тешката болест. Пред да замине на отстранување на градите, таа напишала отворено писмо и му се заблагодарила на своето тело, и насмеала многумина.
„Последен пат одам на прошетка во ова тело. Последен пат ги носам моите гради на прошетка. Еден од најдобрите совети што ги добив во текот на овие недели откако ми беше дијагностицирано е дека е неопходно да се збогувам со градата“, напишала водителката.
„Морам да му се заблагодарам на моето тело за издржливоста, радоста и животот. Збогум, лева градо. Децата ги доев со тебе, заедно скокнавме во морето, патувавме илјадници милји. Ти ми приреди на мене и на другите многу задоволство”, напишала таа со смајли.
„Сега е време за нешто ново. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта, се гледаме на другата страна”, напишала Џулија.
Водителката отишла на превентивен преглед по смртта на пејачката Сара Хардинг, која почина на 39-годишна возраст од рак на дојка. Таа сакала да ги мотивира своите следбеници, кои ги има повеќе од 120.000, само да се проверат, и било утврдено дека таа има тумор од шест сантиметри, пренесува „Daily Mail“.