Синоќа околу 20:00 часот на булеварот „Милутин Миланковиќ“ во Нов Белград дошло до сообраќаен конфликт помеѓу возачот Н.Ј.(46) кој управувал возило „волво“ и Анѓелија Арбутина Шаренац (55) која управувала возило “Форд“.
По вербален конфликт, Н.Ј со своето возило намерно удрил во нејзиното возило, а потоа излегол од возилото и ја удрил Ангелија Арбутина, инаку сопруга на спортскиот новинар Слободан Шаренац, која според неофицијални информации била со малолетно дете.
Како што дознаваат српските медиуми, по расправија, насилникот и го скршил зглобот, а таа има тешка физичка повреда.
Во меѓувреме полицијата го приведе Н.Ј, а против него е поднесена кривична пријава.
Анѓелија Арбутина Шаренац е позната поранешна југословенска репрезентативка во кошарка.
Фото: Курир.рс