Несреќа вчера се случи во Охрид кога 11-годишната Ивана Андриоска била касната од куче, пренесува Сител.
Девојчето додека си играло со своите братучеди не ни насетувало дека играта ќе се претвори во вистински кошмар. Кучето го нападнало девојчето на двете раце, за среќа пристигнал дедото на Ивана па спречил да дојде до трагедија.
Немилиот настан се случил пред дворот на куќата на нејзиниот дедо во близина на општата болница , девојчето веднаш било однесено на преглед кај дежурен лекар каде и се санирани повредите со кои се здобила од нападот.
Дедото на Ивана вели дека кучето е од расата лабрадор кое веќе 4 месеци било забележано како се движи околу болницата, а имало каснато и друго лице.
Девојчето не може да си дојде при себе од траумата што ја преживеала. Семејството апелира до надлежните што побрзо да се реши случајот со кучињата скитници.