Популарната манекенка Наоми Кембел, и на 50-годишна возраст докажа дека е секси, во топ форма и знае да доминира пред објективите, одолевајќи им на годините.
Таа на црвениот тепих прошета на една хуманитарна модна ревија, покажувајќи ја својата совршено обликувана фигура во фустан со длабоко деколте. Фустанот е скроен речиси цел во проѕирен материјал па така нејзините долги нозе беа во преден план. Малку подебела ткаенина ги сокриваше само нејзините интимни делови.
Инаку, славната манекенка е 35 години на модните писти и многумина ја сметаат за една најдобрите манекенки на сите времиња. .Наоми Кембел и натаму учествува на модни ревии , а има и свој Јутјуб канал каде ги радува фановите со видеа од настапите.