Многумина се трудеа на „Париската модна недела “ да остават впечаток и да бида поинакви. Една од најпопуларните светски манекенки Наоми Кембел со својот стајлинг ги порази и излезе како победник.
Додека претходно Кембел беше препознатлива по нејзината долга коса, сега изгледа поразлично. Овој пат, британскиот модел драстично го промени изгледот, односно има нова фризура. Наоми се појави со шатирана, кадрава и кратка коса, со пилотски наочари, па некои едвај ја препознаа.
Таа на ревијата седеше во првиот ред, заедно со останатите ѕвезди кои беа љубопитни да ја видат машката колекција која Виргил Аблох ја приготви за Луис Витон.