Иако се смета за една од најубавите жени во историјата на манекенството, Наоми Кембел има свои добри и лоши денови во однос на физичкиот изглед. Таа секогаш е контроверзна, а овој пат фокусот не е на кампањите, туку на фотографиите на кои е без перика.
Корисниците на социјалните мрежи, напишаа:
„Да, таа изгледа поинаку. И? Има повеќе од 50 години. Таа е сè уште кралица“, „Значи, и Наоми има лоши денови. Некако ми е полесно.“
Наоми претходно зборуваше за физичките последици од нејзината долга кариера. Таа призна дека со години носела екстензии и затегнати фризури кои предизвикале да изгуби многу коса и дека сега се грижи повеќе за себе отколку порано.