Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пиаценза-Турин, во провинцијата Павија, јавува Журнал.
Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо.
Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле на камион паркиран во зона за одмор.
Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.
Според првичната истрага, 24 годишниот возач е можен причинител на трагедијата како резултат на тоа што заспал зад воланот. Од друга страна, бебето кое било врзано во своето седиште во автомобилот кој речиси е целосно уништен практично е неповредено.
Un grave incidente questa mattina sull'autostrada A21, nell'Oltrepò Pavese. Un'auto si è schiantata contro un tir. Illeso un neonato, morti i due giovani genitori. pic.twitter.com/J9N8P2Qxjg
— Tg3 (@Tg3web) June 11, 2019