Тинејџерот Дил Даудел, еден од четворицата убиени во масовното пукање на забава за 16-ти роденден во Алабама, почина спасувајќи го животот на својата сестра, соопшти семејството.
Фил Даудел (18) ја турнал роденденската девојка Алексис Даудел на земја додека одекнувале пукотници за време на прославата во студиото за танцување .
– Последното нешто што му кажав е да остане силен – изјави Алексис за Би-Би-Си.
Во нападот во саботата вечерта беа повредени уште 32 лица.
Алексис рече дека Фил отишол да ја земе откако слушнал дека некој има оружје.
Штом почнале пукотниците, тој ја турнал сестра си на земја пред двајцата да се разделат, објаснува таа.
Подоцна, кога повторно го пронашла, Алексис рече дека нејзиниот брат на умирање не можел да зборува, иако ги отворил очите и ги подигнал веѓите додека таа го држела во раце.
Алексис и нејзината мајка ЛаТоња Ален изјавија за Би-Би-Си дека не знаеле што довело до пукањето.
„Парче од моето срце е откорнато“, рече таа. „Тој требаше да дипломира следниот месец. Наместо јас да одам на матура, ќе одам на гробишта да се видам со мојот син“.
Полицијата допрва треба да го именува осомничениот или мотивот за пукањето во Дејвил, мал град со околу 3.000 жители.
Локалниот свештеник на градот изјави за Би-Би-Си дека напаѓачот сè уште е во бегство.
Убиени се и Шаункивија Смит (17), Марсија Колинс (19) и Корбин Холстон (23).
Роднините и пријателите на Смит рекоа дека таа требало да заврши средно училиште. Колинс бил универзитетски фудбалер кој се надеваше дека ќе стане адвокат. Холстон дошол на забавата за да провери дали има член на семејството откако слушнал дека се создаваат проблеми.
Таа ги запалила светлата и отишла до кабината за диџеи и зборувала на микрофон, барајќи кој има огнено оружје да ја напушти забавата. Набргу потоа настанал хаос во студиото.
„Одеднаш слушате пукотници и гледате како сите трчаат кон вратата и луѓето паѓаат и врескаат“, кажале сведоци за Би-Би-Си.
Алексис рече дека успеала да побегне од местото. Таа се засокрила надвор пред некој да дојде да и помогне да стане, а тие отишле да се сокријат зад друга зграда во случај напаѓачот да биде сè уште на слобода, рече таа.
Кога се вратила на местото на настанот, таа рече дека дознала дека нејзиниот брат бил застрелан.
Најстариот од тројцата браќа и сестри, Фил Даудел важел за ѕвезда спортист и верен пријател. Тој требаше да оди на Државниот универзитет во Џексонвил на спортска стипендија.
Алексис рече дека уживала додека го гледа нејзиниот брат како игра фудбал и се смее со него. Тој секогаш ја отвораше вратата за другите и доаѓаше во нејзината соба за да се извини секогаш кога двајцата се степаа, рече таа.
Џими Френк Гудман постариот, градоначалникот на Дејдвил, за Би-Би-Си изјави дека сцената во болницата по пукањето била хаос, дури и полош од она што го видел за време на неговата служба во Виетнамската војна.
Знамињата пред средното училиште Дејвил се спуштени на половина копје. Во неделата се одржа бдеење за сите четири жртви. Стотици луѓе, вклучително и некои кои беа повредени во престрелката, присуствуваа.