Дел од граѓаните на српскиот град Бор не ја сакаат фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за дочекот на Новата година.
-Наместо на Цеца, дајте им ги парите на болните деца – е апелот кој што граѓани на Бор веќе неколку дена го споделуваат на социјалните мрежи.
Тие повикуваат парите планирани за фолк ѕвездата да се пренаменат за лекување на нивниот сограѓанин, петнаесет годишното момче Данило Марјановиќ, кој боледувал од рак, а за лекување му биле потребни 8.000 евра.
Неофицијално, настапот на Ражнатовиќ за новогодишната ноќ изнесувал околу 100.000 евра, односно околу три пати повеќе отколку за обична вечер.