Двегодишно девојче од градинката „Наша радост“ во Рача, Србија е во болница откако васпитачката по грешка и дала средство за дезинфекција „асепсол“, кое било во шише со етикета за вода. Тоа се напило малку, по што почнало да повраќа, по што била повикана нејзината мајка. Таа ја одвела во локалниот Дом за здравје, од каде веднаш ги препратиле во болницата во Крагуевац.
Во меѓувреме воспитувачката ја увидела грешката и веднаш ја контактирала мајаката. Девојчето се наоѓа на интензивна нега, но не е во животозагрозувачка состојба, благодарение на брзата реакција на докторите. „Асперол“ може да биде фатален доколку се испие поголема количина.