Невремето кое го зафати скопскиот регион предизвика штети и во зградата на Драмскиот театар во Скопје.
„Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.
Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп“, вчера напишша Љутков.
Додава дека седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што станала видлива, туку денеска како што вели, дождот го онеспособил да биде храм на уметноста.
„На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите“.
Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците“, вели тој.