Младата Австралијка, Рејчел, налетала на нејзиното поранешно момче, години откако неговото семејство и соопштило дека починал.
Рејчел имала 18 години кога го запознала Алистер, кој работел во истиот паб со неа.
Почнале да се гледаат, а Рејчел за ABC изјави дека се изгледало нормално и дека немало ништо чудно во нејзиното момче.
Тие се забавуваа три месеци кога Алистер се вратил ноќ со скршена рака, тврдејќи дека се степал со некого во градот, но дека тој не е виновен за тоа. Поради повредата, тој не можел да оди на работа неколку дена, па Рејчел му позајмила 1.000 долари за да му помогне.
Двојката раскинала неколку месеци подоцна, а Алистер дотогаш и вратил само 300 долари. Потоа тој престана да и одговара на пораките кога таа го барала остатокот.
– Првичната приказна беше дека тој отишол во центар за рехабилитација во Квинсленд – изјави Рејчел за ABC.
Откако разговарала со неговите пријатели, таа дознала дека тој исто така позајмувал пари од нив и дека им должел вкупно околу 2.200 долари. Таа не знаела дали има проблеми со алкохол или дрога.
Меѓутоа, тогаш Рејчел добила повик од пријател, кој и рекол дека Алистер починал.
Неговата мајка наводно им соопштила на пријателите дека бил убиен затоа што должел пари на моторџиска банда.
– Знам дека звучи глупаво кога ќе го погледнеш ретроспективно, но немав причина да мислам дека може да биде поинаку. Кога ќе ве известат за нечија смрт, не барате извадок од книгата на мртвите – истакна Рејчел.
Две години подоцна, таа дознала дека сè е лага. Во една прилика, таа отишла на вечера со пријатели, каде што работел неговиот брат. Прашала дали некој го видел, сакала да изрази сочувство, но се изненадила од одговорот. Келнерката и рекла дека тој не е таму, но дека неговиот брат е – мислејќи на човекот за кој Рејчел веруваше дека е мртов. Таа побарала од неа да го викне.
Но наместо тоа излегол менаџерот и побарал од нив да го напуштат ресторанот. По ова, таа отишла во полиција за да ја дознае вистината, а во исто време да види дали може некако да си ги врати парите.
Две години подоцна, налета на него во друг ресторан. Рејчел веднаш го започнала разговорот со реченицата: „Одамна не сме се виделе“, а тој се правел дека не ја познава.