Адриан Азири, кој е познат како Наим од хумористичната серија „Преспав“ наскоро ќе стане татко. Актерот и неговата сопруга Нермине Зимери до крајот на годината очекуваат син.
Сопругата на Азири не се занимава со јавна работа, таа е фармацевт. Живеат во Тетово, каде што Адриан освен што е вработен во тетовскиот театар е дополнително посветен на угостителскиот бизнис. Тој е сопственик на локалот „На ќоше“ кој е интересно дизајниран, по негов вкус, и е познат по настапите во живо на познати пејачи.
Третата сезона на серијата „Преспав“ ќе почне да се емитува од 17 декември на МТВ 1. Наим ќе биде новиот сопственик на пансионот, заедно со Бугарката Преслава, која ја игра Јана Маринова.