Актерот Адриан Азири стана татко. Неговата сопруга Нермине рано утрово го роди синот Дорсеј. Синот на Азири се роди токму на денот кога почнува третата сезона на серијата “Преспав”, вечерва на првиот канал на Македонската телевизија. Адриан, кој го глуми Наим ќе биде новиот сопственик на пансионот заедно со бугарката Преслава, новиот лик во серијата, бугарската актерка Јана Маринова.
Азири, освен што е актер во Тетовскиот театарот е и сопственик на кафе-бар во Тетово, познат по настапи на популарни музичари во живо. Сопругата Нермине не се занимава со јавна работа, таа е фармацефт.