27-годишната Алис Литл тврди дека е најплатената ескорт дама во Соединетите Американски Држави, пишува “Mirror”.
Девојката со потекло од Ирска тврди дека годишно заработува повеќе од еден милион долари, односно приближно 84 илјади долари месечно.
“Ако секој месец имам клиент кој останува преку ноќ, распонот на цената за тоа е околу 20 илјади долари. За да ја достигнам месечната заработка би требало да имам забави со пет клиенти од 10 до 15 илјади долари”, изјавила Литл во интервју за “Refinery29”.
“Оние поуспешните во мојата индустрија годишно заработуваат од 400 до 700 илјади долари. Јас заработувам скоро двојно повеќе и тоа е неверојатно”, додала Алис.
https://www.instagram.com/p/B8uL0LaJ99s/?utm_source=ig_web_button_share_sheet