Фолк ѕвездата од 80 и 90-те години Нада Топчагиќ во интервју дадено за порталот ало.рс ги откри најголемите естрадни тајни, а не им остана должна и на Цеца и на Здравко Чолиќ.
“ Последниве дваесетина години нема ништо квалитетни на музичката сцена. Да почнеме од Цеца, Жељко, Чола… немаат хит последниве дваесет години. Можда не се 20, ама немаат да понудат ништо квалитетно. На концертите се потпираат на своите стари хитови. Како времето да застанало“ вели Топчагиќ која се осврна и на времето кога не сакал да пее кога Тито бил болен.
“ Тоа беше моја одлука, а тогаш бев популарна како Мајкл Џексон. Другите се “убиваа“ од работа и правање пари, а јас како патриот седев дома“ изјави во интервјуто за ало.рс Нада Топчагиќ.