Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп звезди, меѓу кои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо , шпанскиот пејач Енрике Иглесијас, но не и Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не се најде на списокот од 500 поканети гости.
Според шпанските медиуми, на Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас ќе им се придружат и НБА ѕвездата, Пау Гасол, тренерот на Рафа, Карлос Моја и колегите Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез. Гостин ќе биде и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први.
Според швајцарски „Блик“, свадбата на неговата свршеница Марија Франциска Перељо ќе се одржи на 19 октомври, северно од неговиот роден град Мајорка. Местото се вика Ла Форталеза, кое е едно од најскапите имоти на островот и се наоѓа во Заливот на Појенка. Местото се проценува на 137 милиони франци.
Инаку, Надал и Сиска се познаваат уште од школските години, каде се запознале преку нивни заеднички пријател и се заедно уште од 2005 година. 31-годишната свршеница на Шпанецот завршила деловната администрација во Лондон.Во мај 2018 година, двајцата се верија за време на одморот во Мајами.
Ш