Рафаел Надал и Шакира биле во врска. Оваа информација ја откри еден шпански новинар Жорди Мартин кој раскажа дека тие двајца се криеле од јавноста и тоа почнала дури од 2009 година.
Тогаш Шакира снимаше спот со шпанскиот играч за песната “Gipsy” и имаа неколку врели сцени во текот на снимањето и оттаму се почнало. Во тие моменти Шакира не го познаваше Пике, додека Рафаел беше во врска со девојката Чиска, сегашната сопруга, пренесува “Mondo”.
„Имаа интензивна афера. Сите тогаш зборуваа за нејзината врска со Алехандро Санз, а вистината е дека тие двајца беа само пријатели. Вистина е дека се забавуваше со Надал“, изјавува Мартин и така го шокираше светот.
Тие на снимањето на спотот имаа неколку интимни сцени, прво се држеа за рака, па се гушкаа и на крај дојде до бакнеж. Наводно од тогаш се почна и така се сближија и почнаа да се забавуваат. Не е откриено колку долго траело се.
Преубавата пејачка потоа го запозна Џерар Пике, со него има две деца, а моментално е во процес на развод бидејќи фудбалерот на Барселона ја изневери. Од друга страна, Надал се венчаше со Чиска пред три години и моментално го чекаат првото дете, но постојат одредени компликации. Рафаел е во Њујорк и од “US Open” ја следи цела здравствена ситуација.