Хајли Волш (25) е шминкерка, по потекло од Ирска, која некогаш тежела дури 208 килограми, а со операција на желудникот ослабела 108 килограми.
Оваа жена ги испробала апсолутно сите диети, а на крајот успеала да ослабе само со помош на гастритичен бајпас.
Кога требало да лета за Португалија, се сетила на ситуацијата со еден дебел маж кој во текот на летот им пречел на сите поради неговата дебелина. Персоналот на авионот морал да го премести на самиот крај на авионот, кој бил наменет за товар.
Самата помисла дека може да се заглави на авионско седиште поради својата тежина ја преплашила Хајли. Затоа купила две споени места.
Некоја клиентка, додека ја шминкала, ѝ кажала дека чекала 9 години за бајпас на желудник во Ирска. Хајли сфатила дека не сака да ги изгуби своите дваесети години чекајќи операција, па почнала да бара приватни клиники. Набргу закажала операција во Литванија, каде била примена за еден месец. Претходно, морала да ослабе 13 килограми, што и успеала.
За неколку месеци, Хајли изгубила доволно килограми за да започне кардио вежби дома.
Минатото лето, таа дури и почнала да оди во теретана и да крева тегови.
Единствената мана на оваа процедура е што поради брзото слабеење останува вишок кожа на стомакот, грбот, нозете и рацете, која виси како кесички.
Хајли за отстранување на вишокот кожа потрошила 7.000 евра.
-„Денес сум сосема спротивно од она што бев“, гордо посочува Хајли за порталот “ews.uk.news”

