Странците од видеото што вчера ја запали македонската јавност кои беа брутално вербално нападнати и снимани од скопјанец, кој со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона, всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија, пишува Слободен Печат.
Тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.
„Мрш од тука“, „короништа едни“, „вратете се во Кина“, се дел од коментарите на човекот во видеото во кое тој упатува недолични зборови кон Азијците.
https://twitter.com/i/status/1222545132999905280