Српската премиерка Ана Брнабиќ е цел на навреди и непристојни коментари откако пред два дена нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ го роди синот Игор. Така, дел од медиумите од регионот но и светот ја пренесоа веста дека премиерката на Србија стана „татко“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги осудил непристојните коментари.
“Тоа е примитивизам. Вака нема да напредуваме“, изјавил Вучиќ.
И потпретседателката на Владата, Зорана Михајловиќ ги осудила непристојните коментари.
“Секое дете кое се роди во Србија заслужува добредојде кога дојде на свет, а не да биде дочекано со грди зборови и навреди. Можете со некој политички да не се сложувате, да го критикувате, напаѓате, но е недозволиво детето кое тукушто се роди да се користи за напад на политичките неистомисленици“, рекла таа.
Инаку, Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ се во врска околу 10 години. На синот тие му го дале името Игор.