По фотографиите што ги објави на социјалните мрежи за Голема Албанија и пораките за Косово, на сметка на британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, пристигнаа лавина реакции од регионот, но и од светот.
Испровоцирани од ваквиот потег на Липа, се огласија и македонските „Анонимуси“. Хакерската група објави на Твитер дека ѝ го превземале официјалниот сајт на Дуа Липа во знак на револт и дека нема да биде функционален 1 час, а со тоа сакаат да докажат дека навистина имаат моќ, на сите оние кои не веруваат дека имаат капацитет за големи работи.
Ваквата реакција следи по фотографиите што ги објави на социјалните мрежи за Голема Албанија и пораките за Косово, па на сметка на британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, пристигнаа лавина реакции од регионот, но и од светот.
Подоцна, пејачката се обиде да се „извлече“ со објавата дека била погрешно сфатена.
Инаку, “Анонимуси синоќа ги хакираа и сајтовите на Министерството за здравство и на Министирството за образование и наука.