Навивачките нереди во Марсеј почнале уште од понеделникот наутро кога првите Германци допатувале во градот. Цел вторник и цела среда хулиганите од Марсеј ловеле навивачи на Ајнтрахт по градот и избиле неколку судири.
Полицијата на секаков начин се обидувала да спречи нереди. Еден германски навивач во бегство од дечките во плаво, скокнал во море за да избегне апсење и ќотек.
Инаку Германците кои дивееа во Ница минатата недела (навивачи на Келн) повторно ги згрозија сите, откако дел од највоинствените вчера нацистички салутираа.
https://twitter.com/i/status/1569741182409793542