Навивач на Ајнтрахт Франкфурт скокна во море за да избегне ќотек во Марсеј (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Навивачките нереди во Марсеј почнале уште од понеделникот наутро кога првите Германци допатувале во градот. Цел вторник и цела среда хулиганите од Марсеј ловеле навивачи на Ајнтрахт по градот и избиле неколку судири.

Полицијата на секаков начин се обидувала да спречи нереди. Еден германски навивач во бегство од дечките во плаво, скокнал во море за да избегне апсење и ќотек.

Инаку Германците кои дивееа во Ница минатата недела (навивачи на Келн) повторно ги згрозија сите, откако дел од највоинствените вчера нацистички салутираа.

https://twitter.com/i/status/1569741182409793542

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com