Енид Вонг е позната мексиканска инфлуенсерка која на Инстаграм ја следат повеќе од 1,5 милиони луѓе, со кои секојдневно споделува провокативни фотографии.
Таа често покажува дека не е особено срамежлива на натпреварите на локалниот фудбалски гигант Тигрес.
Всушност, таа толку бесрамно се однесувала на натпреварите на овој клуб што добила забрана за присуство на нив. Имено, Вонг сакала да ги прославува головите покажувајќи ги голите гради, а бидејќи клубот не можел да ѝ го забрани тоа штом влезе на стадионот, единствената опција била да ѝ забрани да доаѓа.
Како што пишуваат мексиканските медиуми, Вонг е тажна поради тоа, но ќе продолжи да го поддржува својот клуб со разголени фотографии на социјалните мрежи, од кои, според тамошните медиуми, месечно заработува околу 10 илјади евра.
Ennid Wong en partido de Tigres pic.twitter.com/YnaRnX72ym
— Videos Impactantes (@VideosImpactan2) May 16, 2022