Во белградската населба Врачар вчера беше фрлена бомба врз “поршето“, кое го возел 30-годишниот Лазар Вукичевиќ, член на навивачката група на Црвена звезда “Делии“.
Возилото е целосно уништено, но за среќа нема повредени, иако во тоа време тука можело да има и случајни минувачи.
Како што пишуваат српските портали, бомбата е одмазда затоа што тој во тепачка пред две години му пукал во ногата на Никола Вавиќ, водач на навивачката група Алкатраз, која го поддржува Партизан.
Фото: Д. Дервишагиќ