Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по повеќечасовно убедување со австралиските власти, не доби виза за влез во земјата.
Новак Ѓоковиќ во многу скоро време би требало да ја напушти Австралија, пренесува „The Age“.
Граничните власти побарале тој да ја напушти земјата.
Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на ваквиот епилог, а тој е префрлен во хотел во Мелбурн.
Српскиот тенисер вчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација, но очигледно тоа не му помогна да игра на Грен слемот во Мелбурн.
Во меѓувреме, навивачи на Ѓоковиќ почна да се собираат на аеродромот во Мелбурн за да му искажат поддршка.
Таткото на Новак, Срѓан проговори за тоа дека неговиот син бил изолиран на аеродромот во Мелбурн.
– Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво цели шест часа. Ова е веќе борба за нашата заедничка слобода. Не само за Новак, туку и за целиот свет! Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите! – изјави Срѓан за српски „Спутник“.