Меган Маркл не разговарала со Кејт Мидлтон откако таа и принцот Хари одлучиле да ги напуштат своите позиции во кралското семејтво, рекол извор за UsWeekly.
„Кејт и Меган не разговаа откако се случи тоа. Меган се чувствува слободно, никогаш не била посреќна. Среќна е што не е веќе во Лондон. Изненадена е колку брзо се се случило. Знаела дека ќе се откаже од титулата, но брзината со која се се случило ги изненади сите. Мислеа дека на палатата ќе и треба повеќе време“, тврди изворот.
Од друга страна Кејт е посебно потресена од одлуката на Меган и Хари да се повлечат од кралското семејтво.
„Кејт е во паника и цело времее многу нервозна. Едвај има време за одмор, а и кога се обидува да заспие, цело време размислува за милион работи“ пишува магазинот.
Според магазинот „Ју-ес викли“, Меган сериозно размислува да се врати во филмската индустрија и да ја продолжи актерската кариера. Таа, наводно е во контакт со повеќе агенти, кои ќе ѝ најдат добри договори за снимање филмови и серии. Наводно, планот на Меган е да ја искористи моменталната популарност и повторно да се обиде да снима, но овојпат во посериозни улоги, бидејќи освен во „Suits“, сите дотогашни ангажмани биле во нискобуџетни проекти.