878
Кинеската полиција испитува што се случила во еден ресторан во северниот кинески град Баодинг каде љубоморен маж ја накаутираше својата сопруга затоа што седела со двајца мажи.
Имено, тој влегол во ресторанот, се приближил до масата каде седела жената за која тврди дека е негова сопруга, силно ѝ удрила шлаканица, по што таа се онесвестила на клупата каде што седела.
Мажот потоа продолжил да фрла предмети низ ресторанот.
– Тоа е мојата сопруга! Ве гледав од надвор 20 минути – викал тој пред да избега од ресторанот.
Полицијата соопшти дека го испитува случајот, но дека никој не е уапсен.
