Момчето Квајден Бејлс има само девет години, а неговата мајка Јарака неодамна објави снимка каде што опишува дека тој е малтретиран на училиште. Поради тоа деветгодишното момче со џуџест раст сакаше да се самоубие, Неговата мајка дури денеска објасни што се токму се случило тој кобен ден во училиштето.
“ Тоа беше трета недела на Квајден во училиште. Првата недела не одеше поради смртен случај во семејството во Сиднеј. Само што се вративме во Бризбејн, а контактиравме со болницата и со училиштето околу неговото враќање на настава – раскажува неговата мајка за NITV.
Таа објасни дека детето минатата година пропуштило доста од наставата поради влошената здравствена состојба, а тој критичен ден не му се одело во школо, но го повикал директорот, и Квејден се согласил да отиде бидејќи тој ден имало и кошаркарски натпревар. Кога мајка му отишла да го земе приметила дека нешто не е во ред со него.
“ Водов дека дел од децата играа на теренот со играчите на Булетс. Кога се наредија да им ги дадат дресовите, забележав дека Квајден е негде на средината во редот опкружен со група девојчиња. Изгледа дека таму беше и едно ново девојче кое не беше запознато со состојбата на Квајаден и го навредуваше. Го удираше по главата, ја споменуваше неговата висина и му се смееше. На Квајден тогаш дефинитивно му беше доста“, вели мајка му, која сакала да разговара со девојчето но синот ја замолил да не прави сцена.
“ 15 минути откако влеговме во колата, тоиј доживеа нервен слом. Го погоди тоа. Да те удира некој по глава е невистина депримирачки. Скоро како да мислите дека некој е животно, и не е хумано“.
Таа исто така вели дека воопшто не и е жал што видеото го стави на социјалните мрежи.