На 60-годишна возраст ненадејно почина познатиот американски актер Џеј Пикет кој се прослави во серијата General Hospital.
Пикет го снимал својот претстоен филм „Долината на богатството“ во Ајдахо кога починал, тврди филмскиот режисер Тревис Милс.
“Џеј Пикет, нашиот главен човек, писател, продуцент и творец на овој филм, почина одеднаш додека бевме на лице место и се подготвувавме да ја снимиме сцената. Нашите срца се скршени и тагуваме со неговото семејство уништено од оваа шокантна трагедија”, изјави Тревис.
„Нема официјално објаснување за причината за неговата смрт, но се чини дека се работи за срцев удар“, додаде режисерот. Сите, вели Милс, дадоа се од себе за да го одржат Пикет во живот, но за жал не успеаја.
Џеј глумел во бројни филмови, серии и сапуници, а најпознат е по улогите во General Hospital, Day of Our Lives и Port Charles. Имаше епизодни улоги во серијата Dexter, Mentalist, Kućanice и Navy CIS LA.