Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во саботата околу 19 часот е примен во болница во близина на Минск, пренесуват американските медиуми. По него следеше поворка од автомобили. При неговото пристигнување, приодот до болницата бил блокиран од полицајци и војска, а стражарите ги набљудувале улиците во болничкиот кварт.
Лукашенко последен пат беше виден во јавноста на 9 мај, кога заедно со Владимир Путин присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва. Таму вниманието го привлече неговата очигледна физичка слабост, поради што мораа да го возат и на кратки патеки. Го пропушти и официјалниот ручек со Путин.
Ројтерс пишува дека Лукашенко изгледал „уморно и нервозно“, дека „на десната рака му се гледал завој“ и дека генерално оставал впечаток дека не му е добро.
Подоцна истиот ден, Лукашенко присуствуваше на прославата на Денот на победата во Минск. Но, тој отстапил од традицијата и наместо да облече воена униформа, облекол костум и не одржал говор. Тој, исто така, присуствуваше на многу малку настани во последните две недели.