Во несреќата што попладнево се случи на улицата „Френклин Рузвелт“ почина пулмологот Трајче Нешковски (32), кому му се слошило и со автомобилот се забил во дрво. По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, каде што почина.
Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.