Британскиот музичар Фил Колинс (69) деновиве доживува вистинска љубовна драма. Како што пишуват странските медиуми Фил решил да ја исфрли поранешната сопруга Оријана Кевеј (46) од неговата луксузна вила во Мајами затоа што таа повторно – се омажила!
Повеќекратниот добитник на наградата „Греми“, наводно, ќе поднесе тужба следната недела и по судски пат ќе побара исфрлање на Оријана – таа одбила да ја напушти куќата на пејачот, каде што дури и ги сменила безбедносните шифри на алармниот систем.
Освен тоа, Оријана му поставила ултиматум на поранешниот сопруг – ако не се откаже од барањето за нејзино исфрлување од вилата, таа, се заканила, дека ќе објави „шокантни“ информации за кои тврди дека можат да му наштетат на угледот на Колинс.
Инаку, зад парот стои долга и комплицирана љубовна приказна, а во бракот што го завршија, тие имаа два сина, 19-годишниот Николас и 15-годишниот Метју.
Тие се запознале во 1994. година во Швајцарија кога тој дошол на турнеја, а се венчале пет години подоцна. Тие се развеле во 2008. година.
Откако Оријана Кевеј се пресели во Мајами со синовите, Колинс му се оддаде на алкохолот за да ја смири тагата. Во јануари 2016 година и самиот се пресели на Флорида за да биде поблиску до децата, а поранешните сопружници се смирија во 2016 година, иако Оријана, во меѓувреме, се омажи и се разведе од друг маж, Чарлс Меџати!
Но, иако Оријана му се врати на Колинс пред четири години, за кого тврдеше дека е „љубовта на нејзиниот живот“, непостојаната бринета се упати кон Лас Вегас пред два месеца и таму тајно се омажи со Томас Бејтс! Во тоа време, таа наводно го излажала Колинс дека мора да отпатува заради работа!
– Тој нема да ѝ даде ниту еден цент! Тој не сака да има ништо со неа – открил извор близок на славниот пејач.