Газда на козметички салон и менувачница, Драган П. (55) синоќа е убиен во Земун во неговиот салон. Засега непознат напаѓач, го ликвидирал со неколку куршуми. Брзата помош констатирала смрт на лице место.
Дуќаните на Драган се наоѓаат еден до друг, а ги поврзува само една врата. Убиецот го начекал откако Драган ја затворил менувачницата, а го затворал козметичкиот салон. Му пукал неколку пати во грб.
Иако полицијата брзо го блокирала целиот реон, напаѓачот засега е во бегство. Извршен е увид, а утрово се прегледуваат снимките од сигурносните камери на околните згради.
фото: Новости.рс