Јапонскиот сумо борецот Кијотака Суетаке, починал од компликации односно, од откажување на органите што било предизвикано од вирусот ковид-19.
Овој 28 годишен борец бил хоспитализиран во Токио на 8 април, откако неколку дена по ред покажувал дека ги има симптомите на ковид1-9.
На интензивна нега бил од 19 април, по што неговата ситуација драматично се влошила.
„До крај се бореше против болеста, соочувајки се со доста потешкотии, но се бореше во вистински стил на неговиот спорт“, порача претседателот на ЈСА, Хакаку, изразувајки сочуство до фамилијата на овој борец.