Холивудската глумица Шерон Стоун на Инстаграм ја сподели тажната вест дека починал нејзиниот едногодишен внук Ривер Вилијам Стоун.
Таа објави неколку снимки од малото момче со опис:
„8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“.
Бројни обожаватели на актерката одговорија во коментарите и ѝ изразија сочувство.
„Ова ми го крши срцето“, „Плачам, многу ми е жал, Шерон. Беше прекрасно момче. Ти испраќам љубов тебе и на твоето семејство“, ѝ напишаа обожавателите на Шерон.
Претходно актерката напиша дека нејзиниот внук завршил во кома откако му откажале органите. На фотографијата што ја објави, може да се види како момчето лежи на болнички кревет интубирано и опкружено со жици.
„Мојот внук и кумашинче Ривер денеска беше пронајден во неговата лулка откако неговите органи целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша Шерон претходно.
Момчето е син на братот на Шерон, Патрик и неговата сопруга Таша.