Турската глумица Бергузар Корел, попозната како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, во март го роди своето второ дете со 49-годишниот актер Халит Ергенч, кого го паметиме по улогата на Сулејман, а сега се појавија информации дека славната двојка се разведува.
Според турските медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод.
“Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото е што Халит не сакал друго дете затоа што се смета за премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа скоро две години. Кога остана бремена, тој беше пресреќен, но откако се породи, таа целосно му се посвети на детето и тој сега се чувствува запоставено. Одлучија да се разделат на неколку месеци, по што ќе одлучат дали ќе се разведат засекогаш “, изјави извор близок до двојката.
Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми велат дека е многу популарна и е позната како една од најголемите актерски надежи на Турција.
“Му недостасува страст и жар, а неговата сопруга го одбива. Едноставно, ја нема хемијата, таа воопшто не се обидува да ја поправи, а тој има потреби како и сите други”, додаде изворот.