Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Мануел Нојер (37) се венчал во тајност со 14 години помладата ракометарка Аника Бизел, пренесуваат германските медиуми.
Нојер зад себе има еден брак со Нина Вајс којшто завршил во 2019 година, а после тоа таблоидите во Германија пишувале за неговата наводна геј-афера со тренерот Тони Тапаловиќ.
Според неофицијалните информации, венчавката била одржана неодамна во кругот на 20-на луѓе. Станува збор за најблиските членови од семејството и пријателите, а сето тоа станало јасно кога Аника Бизел, 23-годишната ракометарка, на својот официјален Инстаграм профил го сменила презимето во Нојер.
Исто така пристигнуваат и информациите дека Аника е бремена и дека Мануел треба да стане татко напролет. Од првиот брак Нојер нема деца, а се чини дека новиот брак дефинитивно ќе ги стивне приказните за тоа дека тој сака мажи.
Сѐ започнало во 2018 година кога една негова изјава била лошо интерпретирана, а која се однесувала на Тони Тапаловиќ со кој со години соработувал во Баерн.