За да стекне сензационалност еден од водечките шпански магазини, дошол на идеја да и плати на шпанска старлета, да му пријде на Новак Ѓоковиќ и да го бакне во врат. Од магазинот сакале да потресат складниот брак на Новак и Јелена и да му ги порематат подготовките пред турнирот Роланд Гарос.
Сепак до средбата помеѓу српскиот тенисер и старлетата не дошло бидејќи таа ја одбила понудата.
-Старлетата долго се двоумеше, и за малку ќе ја прифатеше “лесната“ заработка. Но, таа има сериозна врска со еден бизнисмен кој е милионер, па ќе си имаше проблеми. Затоа на крајот ја одбила нечистата игра, со констатација дека Новак е одличен спортист со ниедна дамка во својата кариера – изјавил извор за шпанскиот магазин Тв плус.