Германскиот милионер Карл Рајпен бара десет луѓе кои со него би живееле на неговиот имот во Нов Зеланд, кој го опишува како рај на Земјата.
Откако таму со години живее сам, посакал друштво. Рајпен, кој своето богатство го создал со продажба на конзервирано ледено кафе, веќе двапати во последните седум дена во еден локален весник објавил оглас, барајќи ги овие луѓе.
Неговиот имот од 8,5 милиони американски долари во Нов Зеланд располага со штала, винарија и затворена арена, а целиот имот се наоѓа на западниот брег на оваа држава.
„Тие би можеле да живеат во куќи за две лица и да ја делат убавата винарија за состаноци и ручек. Може да уживате во прошетки, риболов, шопинг, кајак, гледање птици, пливање или гледање убави животни“, напишал Рајпен.
Тој ги повикал сите на возраст до 70. години да се пријават и додал дека оние што поседуваат коњи биле исто така добредојдени.
„Ако сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, ова можеби е нешто сосема ново за вас“, додал Рајпен во огласот.