Стефан Геворкијан од Јужна Калифорнија лекувал илјадници пациенти – вклучително и луѓе со рак – без медицинска дозвола, тврдат обвинителите.
Геворкјан (44) работел како лекар во клиниката „Патвејс Медикал“.
„Докторот“ бил откриен откако таен службеник ја посетил клиниката во ноември и добил консултација, при што Геворкијан „наводно не успеал правилно да ги реши абнормалните нивоа на хормони што може да укажуваат на сериозна здравствена состојба“.
Геворкјан беше обвинет по пет точки за вршење на медицина без лиценца.
Адвокатите ги отфрлаат обвинувањата на обвинителот наведувајќи дека се лажни.
Според обвинителите, Геворкијан со години работел со пациенти со „сериозни состојби“, од вирусни инфекции до луѓе кои боледуваат од рак, пишува „Дејли мејл“.
Не е јасно што прво го привлече вниманието на полицијата, но еден од пациентите на Геворкјан се сомневал во легитимноста на неговата пракса.
„Мислам дека д-р Г е измамник“, напишала Никол Б.