МУ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Поради неа Дејвид Гета ја напушти сопругата, ослабна и почна да вежба… (ФОТО)

by Тони Зографски

Џесика Ледон има 30 години и титула на заводничка. Поради неа Дејвид Гета се развел од поранешната сопруга со која бил заедно 22 години, ги напуштил и своите деца, а започнал и да вежба.

Да, добро прочитавте – го натерала да вежба.

Инаку, Џесика е од Куба, позната е како актерка и модел, но изгледа дека престојувањето на плажа е нејзина природна дестинација која навистина ја обожава.

Деновиве папарацо фотографите успеале да ја „уловат“ Џесика како ужива на плажа во Мајами и тоа без Дејвид Гета.

Не е познато како Џесика ја одржува својата беспрекорна линија на тело, но поради неа Дејвид Гета вежба секој ден – по 45 минути дневно. Покрај стандардното вежбање со тегови, Дејвид двапати неделно вози велосипед и често пешачи.

Својата љубов кон Џесика тој не ја крие и се труди максимално разликата во нивните години да не е толку видлива.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com