Маја Оџаклиевска од врските со мажите научи дека жената не треба да трпи никаква злоупотреба. Пејачката се осврна кон поранешните партнери и објасни како се справувала со проблематичните ситуации.
-Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде моментот кога не ми се допаѓа неговото однесување, му ги ставам сите работи во вреќи за ѓубре и му велам дека работите му се надвор. Чао и нов брак. Мајка ми велеше “еден појде, друг дојде“ – рече пејачката во една емисија и рече дека оваа мисла сега ја споделува со своите деца.
Таа спомена и една љубоморна сцена со нејзиниот поранешен партнер. Набргу по породувањето, Маја имала настап и затоа побарала нејзиниот тогашен сопруг да го чува бебето, на тој одбил. Имено, нејзиниот поранешен сакал да дојде со Маја, бидејќи бил премногу љубоморен.
-Се случува ситуација кога неколку луѓе ми приоѓаат, ми велат „прекрасна си и ме прашуваат кога ќе бидам на телевизија“. Откако си заминуваат тој ми вели “можеш да разговараш со нив, а со мене не“- објасни Маја една од љубоморните сцени и додаде дека жената не треба да трпи ништо што не ѝ одговара.