Француската актерка Натали Делон – која некогаш важеше за една од најубавите жени во светот – почина од рак, изјави нејзиниот син за АФП.
„Мајка ми почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со нејзиното семејство и пријатели“, рече актерот Ентони Делон.
„Таа почина од многу брз рак“, изјави тој за Франс прес. Таа имаше 79 години.
Пошироката јавност ја памети како Жан, партнерката на Ален Делон во „Самурај“ од 1967 година, снимен според романот „Ронин“ на Гоан Меклеод, кој го следеа контроврзи околу автентичноста на авторот и периодот во кој настанал.
Натали Делон имаше споредни улоги во триесетина филмови снимени во текот на 1980-те години. Во 1982 година ги режираше филмовите „Некои тоа го нарекуваат среќа“ и „Слатки лаги“ во 1986 година, а мемоарите ги објави во 2006 година.